РУТЕ ИМАЛ ДОБАР РАЗГОВОР СО ТРАМП ОКОЛУ ГРЕНЛАНД Според шефот на НАТО „има уште многу работа“

Шефот на НАТО додаде дека САД ќе ги продолжат своите разговори со Гренланд и со Данска, вклучително и за спречување на Русија и на Кина да добијат пристап до економијата на Гренланд.

0

Има уште многу работа меѓу страните што се вклучени во спорот околу контролата на Гренланд, вели генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Руте во изјава за Фокс њуз вели дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговорите на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос се согласиле дека арктичкиот регион мора да се заштити заеднички.






Шефот на НАТО додаде дека САД ќе ги продолжат своите разговори со Гренланд и со Данска, вклучително и за спречување на Русија и на Кина да добијат пристап до економијата на Гренланд.

Според Руте, разговорите со Трамп дале „многу добар исход, но, има уште многу работа“.

Тој рече дека страните се согласиле да разгледаат како НАТО може колективно да придонесе за да се осигура дека целиот арктички регион е безбеден. Ја нагласи потребата од мерки на копно, на море и во воздух за заштита на она што го нарече важен дел од светот и од територијата на НАТО.

На прашањето дали рамката за можен договор за Гренланд, која претходно ја најави Трамп, предвидува во голема мера автономниот арктички остров да остане дански, Руте рече дека „тоа прашање веќе не се појави во моите вечерашни разговори“.

– Фокусот беше на заштитата на Гренланд – рече Руте.

Трамп претходно изјави дека од неговата средба со Руте произлегла рамка за иден договор за Гренланд и за целиот арктички регион.

Американскиот претседател, исто така, рече дека сепак нема да воведува казнени царини за европските земји кои ја поддржуваат Данска, само неколку дена откако се закани дека ќе го стори тоа.

Руте претходно ги потврди коментарите на Трамп за рамка за можен договор за Гренланд, но рече дека не сака да изнесува никакви детали.

Поврзани содржини