РУСТЕМИ ОД „КОМУНАЛНА“ МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДО 10 ГОДИНИ ЗАТВОР Обвинителството ќе го гони за загрозување на животната средина со отпад
По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, информираше Јавното обвинителство.
Приведени се и задржани се две лица од раководството на Јавното претпријате „Комунална хигиена“ Скопје, соопшти Јавното обвинителство.
„По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во врска со сомненија за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 од Кривичниот законик“, соопшти Јавното обвинителство.
По измените на Кривичниот законик во март 2024 година, член 230 од КЗ гласи:
(1) Тој што со оставање, фрлање, собирање, со непрописно транспортирање на една или повеќе поврзани пратки, со преработка или отстранување на отпадот, со создавање на депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и преработката, со непрописно управување со отпадот, или на друг начин ќе предизвика или може да предизвика значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата или опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од една до десет години.
(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, тератогеност, екотоксичност или својство на испуштање отровни гасови преку хемиска реакција и биолошко разложување, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години.
(3) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, а во случајот од ставот (2) на овој член сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
(4) Тој што неовластено тргува со отпад, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(5) Ако делото е сторено од организирана група составена од три или повеќе лица сторителот ќе се казни за делото од ставовите (1) и (4) на овој член со затвор најмалку четири години, а делото за ставот (2) на овој член најмалку осум години.
(6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.