📷 РУСОКОСА „ИНДИСКА“ БОЖИЦА Сите гледале во Иванка Трамп на венчавката на синот на најбогатиот Индиец

Иванка Трамп на Инстаграм покажа фотографии и видеа од предсвадбената прослава на Анант Амбани и Радика Мерчант. Таа отпатува во Индија со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и нивната ќерка.

1,219

Иванка Трамп на Инстаграм покажа фотографии и видеа од предсвадбената прослава на Анант Амбани и Радика Мерчант. Таа отпатува во Индија во друштво на сопругот Џаред Кушнер и нивната ќерка.

„На Анант и Радика им посакувам бескрајна среќа и љубов додека заедно се впуштаат во оваа прекрасна авантура“, порача Иванка на Инстаграм и ги покажа фустаните што ги носеше на прославата.






Иванка во нив изгледала како русокоса „индиска“ божица. Ќерката на Доналд Трамп носела раскошни тоалети и накит.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)


На прославата пееше Ријана, за чиј настап наводно платиле шест милиони евра. Тогаш на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, се појавија бројни реакции, а многумина напишаа дека пејачката делува многу незаинтересирано. Заедно со музичката суперѕвездата, на прославата настапи и американскиот магионичар Дејвид Блејн, а во храмскиот комплекс беа одржани традиционални церемонии.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)


Иако предсвадбената прослава сега трае веќе три дена, официјалната венчавка ќе се одржи дури во јули. Информациите за венчавката се уште не се познати.

За потсетување, Анант Амбани (28) е син на Мукеш Амбани, шеф на индискиот конгломерат Reliance и најбогат човек во Индија, со нето богатство според „Форбс“ од 114 милијарди долари.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини