„РУСОКОСА“ ДОБИ 14-МИНУТНИ ОВАЦИИ ВО ВЕНЕЦИЈА Ана де Армас во солзи, Бред Пит пресреќен (ФОТО)
Пред светската премиера на филмот, Бред Пит, кој е меѓу продуцентите на филмот, Де Армас, режисерот Ендрју Доминик, Адриен Броди и Џулијан Николсон предизвикаа бурни реакции на црвениот тепих.
Долго очекуваниот филм „Русoкоса“ (Blonde) на Ендрју Доминик беше премиерно прикажан со 14-минутни овации на Филмскиот фестивал во Венеција 2022. На Ана де Армас, која ја игра холивудската икона Мерилин Монро, лицето и блескало од солзите кои и течеле.
View this post on Instagram
Пред светската премиера на филмот, Бред Пит, кој е меѓу продуцентите на филмот, Де Армас, режисерот Ендрју Доминик, Адриен Броди и Џулијан Николсон предизвикаа бурни реакции на црвениот тепих. Пит изненадувачки се појави во Венеција откако не присуствуваше на прес-конференцијата за филмот претходно истиот ден.
View this post on Instagram
Присутна беше и Диди Гарднер, која е и меѓу продуцентите на „Русокоса“.
Биографската драма, базирана на истоимениот роман на Џојс Керол Оутс, е еден од најочекуваните наслови на фестивалот поради кастингот на Де Армас во улогата на холивудската икона.
Нејзиниот колега Броди исто така пушти неколку солзи. Пит беше видно задоволен.
View this post on Instagram
„Русокоса“ повторно го опишува животот на Монро, од нејзиното турбулентно детство како Норма Џин до нејзиното достигнување на светска слава. Во споредните улоги се Боби Канавал, Броди, Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс. Филмот дебитираше во главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Венеција.
Пред светската премиера, „Русокоса“ доби критики од гледачите на социјалните мрежи за кастингот на Де Армас. Гледачите се пожалија на нејзиниот акцент во трејлерот, велејќи дека таа го задржала кубанскиот акцент и не го канализирала вокалот на Монро.
View this post on Instagram
Во интервју за „ЛА тајмс“, 34-годишната актерка рече:
– Ги анализирав нејзините изрази на лицето, нејзината уста, усните, начинот на кој ги покажуваше долните заби. Нечиј глас е повеќе од специфичен акцент. Тоа многу зборува за една личност.
View this post on Instagram
Покрај тоа, Ана де Армас рече дека верува дека гласовното глумење на Монро бил израз на нејзините емоционални потреби и тага и додаде дека поминувала по 12 часа секој ден на сетот на филмот, по што уште три часа работела со учител за акцент.
Филмските критичари го оценија филмот и улогата на Ана де Армас како извонредни.
„Нетфликс“ ќе го објави „Русокоса“ на стриминг платформата на 28 септември.
ФОТО: Инстаграм