Русковска за настаните на 27 април: Заев не е вештак, а обвинетите не се мали деца да ги манипулираат

528

Обвинителката што го води случајот за организторите на настаните од 27 април во македонското Собрание, Вилма Русковска изјави дека очекува судот да донесе правилна и законска одлука, по сведочењето на премиерот Зоран Заев кој рече дека главен организатор на овој упад бил поранешниот премиер, Никола Груевски, а сега обвинетите биле изманипулирани.

– Премиерот беше викнат во својство на сведок, не на вешто лице да дава свое мислење. Не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите.  Апсолутно не се сложувам дека биле изманипулирани, обвинетите не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира, особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.Јас искрено се надевам дека судот ќе ги цени како материјалните докази предложени од обвинитлеството и одбраната и изјавите на сведоците и дека ќе донесе правилна и законита одлука – рече Русковска.

Поврзани содржини