Русковска за апсењето во Грчец и во Гази Баба: Цела година собиравме докази, засега нема осомничени полицајци

Засега нема полициски службеници, но ќе се врши вештачење и доколку се најде комуникација, сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица, рече јавната обвинителка.

1,659

Една година собиравме докази, следевме телефонски комуникации, а имаше и физичко следење, истакна обвинителката Вилма Русковска запрашана за денешната полициска акција во Грчец и во Гази Баба.

– Собиравме година дена докази, следење на телефонски комуникации како и физичко следење. Приведено е 21 лице, се наоѓаат во повеќе полициски станици, колку што имам информации по одредени лица сè уште се трага, доколку се пронајдат ќе бидат повеќе лица. Ние имаме докази дека овие приведени лица сториле кривично дело недозволена трговија со опојни дроги. Не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага, стравувавме да не пропадне целата акција, но од понеделник ве уверувам дека ќе почне и финансиска истрага. Засега нема полициски службеници, но ќе се врши вештачење и доколку се најде комуникација, сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица – рече Русковска.

Поврзани содржини