РУСКОВСКА СЕ ЈАВИ ОД „ВАР-СОБАТА“ Ќе бараме нов притвор за Миле Јанакиески, постои опасност од бегство

Јавната обвинителка Вилма Русковска во изјава за Телма рекла дека сè уште не е информирана за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство.

1,380

Ќе бараме притвор за Миле Јанакиески, бидејќи постои опасност од бегство, изјавила за Телма обвинителката Вилма Русковска откако денеска Апелација му го укина куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски и му изрече нова мерка на претпазливост.

Од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција потврдиле дека по укинувањето на домашниот притвор за предметот „ТНТ“, ќе бараат нов притвор за случајот „Организатори на крвавиот четврток“.






Русковска во изјава за Телма рекла дека сè уште не е информирана за одлуката на Апелација, но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство.

– Токму денеска е поднесена и жалбата на пресудата за настаните од „27 април“ во Собранието со која се бараат повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Миле Јанакиески – изјавила Русковска.

Инаку, за екс-министерот Јанакиески, по цели три години, скопскиот Апелационен суд одлучи дека мерката куќен притвор треба да ја замени со мерки за претпазливост и тоа забрана за напуштање на државата и Скопје, обвинетиот да се јавува во суд и му даде забрана за издавање нов пасош.

– Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор – информираат од Основен кривичен суд Скопје и додаваат дека мерката претпазливост е забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

Поврзани содржини