Русковска разочарана од пресудата: Очекував десетгодишна казна за Јовановски

555

Обвинителката Вилма Рускоска по објавувањето на пресудата за „Рекет“ изјави дека е разочарана од казната на Јовановски бидејќи, како што рече, очекувала да добие барем десетгодишна казна.

– Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски, за кого реално не очекував под десет години казна затвор. Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева очекував меѓу седум и осум години затвор – изјави јавната обвинителка Вилма Русковска по објавувањето на пресудите за случајот „Рекет“.






Русковска најави жалба и за двете пресуди, но откако ќе ја добие на писмено пресудата.

Прашана дали е задоволна од тоа како заврши предметот, со оглед дека не се најде одговор каде завршиле парите, Русковска, рече дека за осудителната пресуда веќе рекла дека не е задоволна со висината, особено за Бојан Јовановски.

– Јас сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување, со оглед на тоа се што си купувал без никаков приход, а и самите знаете колку чини финансирањето на медиумска куќа – изјави Јовановски.

Во однос на истрагата за „Империја“, Русковска рече дека на истрагата интензивно се работело, но сега поради корона вирусот се уште не работат со странки.

– Стварно не знам уште колку ќе треба до завршување на истрагата. Предметот „Империја“ ако не го сметаме овој период со корона вирусот е релативно кратко време преземен од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Зошто толку време требало додека се уште беше во СЈО мене стварно не ми е познато – изјави Русковска

Поврзани содржини