Русковска: Обвинението е сменето само за Јанакиески и за Ристоски, за Канчевска немаме докази
На јавноста да ѝ биде јасно, не е комплетно изменето обвинението. Има измена само во дејствијата на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Тие измени се направија затоа што произлегоа од главната расправа, односно од одбраната на обвинетите, рече обвинителката Вилма Русковска.
Обвинителката Вилма Русковска по денешното рочиште за 27 април даде објаснување зошто на завршните зборови на овој процес кој траеше повеќе од една година решила да направи измени во обвинението.
– На јавноста да ѝ биде јасно, не е комплетно изменето обвинението. Има измена само во дејствијата на обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Тие измени се направија затоа што произлегоа од главната расправа, односно од одбраната на обвинетите. Обвинителството има неспорни докази дека тие од првиот момент се едни од главните организатори на протестите на „За заедничка Македонија“, а сето тоа за да се оневозможи избор на претседател на Собранието. И не ми е јасно зошто одбраната бараше одлагање на завршните зборови. Материјалните докази, СМС пораките беа сите изведени на главната расправа – вели Русковска.
На прашање на новинарите зошто нема обвинение и против поранешната министерка за култура, Русковска објасни:
– За Канческа-Милевска немаше обвинение затоа што немавме докази дека освен ангажирање на уметници и познати личности, направила што било друго конкретно. Освен тоа немавме други докази за нешто поконкретно – рече Русковска.