Обвинителката, Вилма Русковска, во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека во случајот за настаните во Собранието на 27. април не се работи за терористи.
– Делото за 27 април е именувано како терористичко загрозување на безбедноста и е различно од делото тероризам.Требаше сите да одговараат за рушење на уставниот поредок – рече Русковска.
Амнестијата, додаде Русковска е политичка одлука.
– Ако некој беше повреден од таа аменстија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот – додаде таа.
На новинарите кои беа присутни им се отфрлаат тужбите, како гледате на ова, беше прашана Русковска.
– Не ме чуди ништо, и мојата тужба е отфрлена – вели обвинителката.
Таа зборуваше и за случајот „Рекет“.
– Aпсолутно имам докази дека парите завршиле во домот на родителите на Jовановски.Торбата и сликата од парите беа на едно плико. Па кога се изврши вештачење на телефонот на Боки, според локацијата утврдено е дека тој се наоѓал во домот на своите родители. И покрај сите претреси, торбата не е пронајдена. Не дојдовме до доказ за вмешаност на премиерот во овој случај – рече Русковска.