Русковска: Луѓе од УБК ми тврдеа дека имаат докази против обвинетите во „Монструм“
Не можам да кажам детали за предметот, ниту, пак, да дадам свое мислење, но кога го укинаа и кога разговарав со луѓето од тогашното УБК и полицијата, тврдеа дека тие се тие луѓе кои го сториле тоа кривично дело и дека има доволно докази – истакна Русковска во интервју за „Трилинг“.
Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека не е запознаена во детали со случајот „Монструм“, но како што истакна во емисијата „Трилинг“, припадници на УБК тврделе дека има доволно докази против обвинетите.
– Јас многу малку знам за предметот. Кога беа приведувањата, јас тогаш бев со уште две мои колешки во МВР. Не можам да кажам детали за предметот, ниту, пак, да дадам свое мислење, но кога го укинаа и кога разговарав со луѓето од тогашното УБК и полицијата, тврдеа дека тие се тие луѓе кои го сториле тоа кривично дело и дека има доволно докази – истакна Русковска.