Русковска: Факт е дека Јанева примила 50.000 евра

Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон - изјави Русковска.

731

Обвинението се темели на докази, и материјални и од сведочење на  поранешни колеги на Катица Јанева, така што апсолутно не е точно дека обвинението се темели само врз база на исказ на еден сведок, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за случајот Рекет.

Обвинителството, нагласи Русковска, со кое што моментално раководи за ниту еден предмет нема да поднесе обвинение само врз база на исказ на еден сведок или оштетен.






– Предметите физички воопшто не се донесени во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Сите тие предмети се уште се наоѓаат во просториите на поранешното СЈО и по истите постапуваат колегите кои и претходно постапувале по истите. Од време на време доаѓаат да ми реферираат за постапките и во која фаза се, но сакам јавноста да знае дека истите обвинители постапуваат по тие предмети – изјави Русковска.

Во однос на тоа дека некои од истрагите се забавени, Русковска рече дека тоа не е така и посочи дека веќе три месеци се наоѓаме во фаза на пандемија.

– Ако предметите се готови, на пример, ане се, но да се готови било кој предмет кој не е притворски во судот не ни го примаат обвинението дури не заврши пандемијата – изјави Русковска.

Прашана дали докажале пред судот дека обвинетите примиле пари, Русковска кажа дека факт е оти Јанева примила пари.

– Факт е дека поранешната колешка примила 50.000 евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон – изјави Русковска.

Поврзани содржини