РУСКОТО ПРИСТАНИШТЕ „КАВКАЗ“ СЀ УШТЕ ГОРИ Украинската морнарица го потврди нападот на траектот

Украинската морнарица потврди дека во вчерашниот напад уништен е траект натоварен со цистерни со гориво.

324

Сè уште не е изгаснат пожарот во руското пристаниште „Кавказ“, преку кое се снабдуваат руските сили со гориво и со оружје.

Претходно, украинската морнарица потврди дека во вчерашниот напад уништен е траект натоварен со цистерни со гориво.






„Кавказ“ е едно од најголемите руски пристаништа на Црното Море. Неговите услуги ги користат бродовите и за комерцијален извоз и за снабдување со гориво на Крим, незаконски анектиран од Русија во 2014 година.

📽️ ПРВИ ВИДЕА ОД НАПАДОТ НА РУСКОТО ПРИСТАНИШТЕ Украинците потопија траект во Керченскиот Теснец, Русите обвинуваат за тероризам

Поврзани содржини