Рускоска: Се врши финансиско вештачење на случајот „Империја“

Паралелно додека тече вештачењето ќе се сослушат неколку сведоци за кои колешките сметаат дека се неопходни, рече Рускоска.

513

Случајот „Империја“ е даден на вештачење, а обвинителството сослушува и неколку сведоци кои се важни за постапката, информира денеска обвинителката Вилма Рускоска.

– Ќе се изврши материјално финансиско вештачење на предметот, затоа што има сѐ уште неколку сведоци да се сослушаат, ама тие паралелно додека тече вештачењето ќе се сослушат неколку сведоци за кои колешките сметаат дека се неопходни –  рече Рускоска.

Поврзани содржини