Четири автобуси тргнале од Турција, но тие ја минале границата со Бугарија во различен период бидејќи дел од патниците инсистирале да одат на шопинг, а токму ова е причината за тоа зошто конвојот се раздвоил.
Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за телевизија Телма ги истакнува деталите кои на обвинителите за трагедијата во која загинаа 45 луѓе им ги открил сопственикот на „Беса Транс“.
Деталите на обвинителите за кобното патување им ги открил Беким Хаџиу, сопственик на „Беса Транс“, кој бил еден до возачите на вториот автобус, а со себе го водел и семејството во Турција.
Хаџиу негирал дека причините за пожарот се поврзани со возачите на автобусите и патниците во нив.