РУСКО ОРУЖЈЕ КОЕ ТОПИ МЕСО, „ГОЛТА“ БЕТОН И МЕТАЛ! Се појавија страшни видеа од Украина, повторно летаат „термити“ (ВИДЕО)

„Термитот“ е мешавина од метален прав и метален оксид, па поради тоа се користи за изработка на запаливи бомби. Гори на температури повисоки од 2400 °C, а доколку дојде во контакт со човечко месо може да го стопи до коска.

1,301

Во саботата Русите го употребија најсуровото оружје во војната во Украина – термитот.

Застрашувачки снимки од „дождот од термити“ како топат месо и „голтаат“ метал и бетон доаѓаат од Украина.






Според бројните видеа на Твитер, Русија продолжува да користи „запалива муниција“, која содржи хемиски елементи кои предизвикуваат нивно палење веднаш штом ќе допрат било која површина. За прв пат се користела во Првата светска војна, во 1916 година, кога фосфорот бил нивната главна содржина.

„Термитот“ е мешавина од метален прав и метален оксид, па поради тоа се користи за изработка на запаливи бомби. Гори на температури повисоки од 2400 °C, а доколку дојде во контакт со човечко месо може да го стопи до коска.

„Хјуман рајтс воч“ го опиша оружјето како едно од „најсуровите“ во рускиот арсенал, велејќи дека предизвикува „непосредно и доживотно човечко страдање“.

 

Поврзани содржини