Руската Федерална агенција за воздушен транспорт потврди дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин загинал во авионот што денеска се урна во областа Твер.
Руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека на летот биле Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер, Дмитриј Уткин.
И Телеграм каналот поврзан со Вагнер потврди дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа.
„Шефот на Вагнер, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина од последиците од дејствувањето на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија! објавија тие.