РУСКИТЕ ТРУПИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НАПАД НА КИЕВ Украинците гранатираа складиште за нафта во Луганск
Украинските безбедносни сили извршија ракетен напад врз складиште за нафта во Луганск. Ова го изјави Родион Мирошник, претставник на самопрогласената Народна Република Луганск.
Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека руските трупи се подготвуваaт за напад врз Киев. Во билтенот објавен во раните утрински часови денеска, Генералштабот соопшти дека руските трупи имаат за цел да преземат целосна контрола врз градовите Ирпин и Буча, непосредно пред Киев.
Руските трупи, исто така, „се обидуваа да обезбедат тактичка предност за да стигнат до источното предградие на Киев преку областите Броварски и Бориспил“, се вели во билтенот.
– Прилично голема количина на руска воена опрема и руски војници се концентрирани на приодите кон Киев. Разбираме дека битката за Киев е клучна битка што ќе се води во наредните денови – изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Вадим Денисенко за украинската телевизија.
Украинските безбедносни сили извршија ракетен напад врз складиште за нафта во Луганск. Ова го изјави Родион Мирошник, претставник на самопрогласената Народна Република Луганск.
Како што јавија медиуми, инцидентот се случил во 6.55 часот, по локално време. Експлозијата јасно се слушнала во центарот на градот.
Според очевидци, веднаш потоа избил пожар во складиштето.
„Огнот се гледа оддалеку. Министерството за вонредни ситуации се обидува да го изгасне пожарот“, напиша Мирошник на Телеграм.