📽️ РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ГИ ЕЛИМИНИРАА ИСЛАМИСТИТЕ ВО ЗАТВОРОТ Заврши заложничката драма во Волгоград, еден терорист се обидел да се разнесе со експлозивен елек
Затворениците од колонијата број 19 во Суровикин во регионот на Волгоград, според неофицијални информации, убиле тројца затворски чувари околу 12 часот по локално време додека држеле неколку вработени како заложници.
Ослободени се сите заложници земени во затвор во рускиот регион Волгоград, јавија светските агенции, повикувајќи се на каналот База на Телеграм, близок до безбедносните служби.
Специјалните сили на руската гарда јавија дека нивните снајперисти ги убиле четворицата затвореници кои киднапирале чувари во казнената колонија со висока безбедност ИК-19.
Сите заложници се ослободени, потврдија снајперисти на специјалните сили на руската гарда во Волгоградскиот регион.
⚡️𝗨𝗣𝗗𝗔𝗧𝗘: 𝗥𝗨𝗦𝗦𝗜𝗔𝗡 𝗙𝗢𝗥𝗖𝗘𝗦 𝗖𝗟𝗘𝗔𝗥 𝗨𝗽 𝗣𝗥𝗜𝗦𝗢𝗡 𝗥𝗜𝗢𝗧, 𝗛𝗢𝗦𝗧𝗔𝗚𝗘𝗦 𝗥𝗘𝗦𝗖𝗨𝗘𝗗#Russian Spetsnaz units have successfully resolved the prison riot in Surovikino, Volgograd region.
All hostages were safely rescued, and four prisoners who had… pic.twitter.com/3vKZVXKZyz
— Shah Faisal AfRidi (@Sfaisalafridi) August 23, 2024
Затворениците кои со нож земаа заложници во ИК-19 се идентификуваа како борци од групата Исламска држава, забележаа агенциите.
Акцијата траеше половина час.
Еден исламист наводно сакал да се разнесе со импровизиран експлозивен елек, но направата не експлодирала.
Затворениците од колонијата број 19 во Суровикин во регионот на Волгоград, според неофицијални информации, убиле тројца затворски чувари околу 12 часот по локално време додека држеле неколку вработени како заложници.
Непосредно пред упадот на специјалците, терористите објавија видео и изјавија дека сакаат да им се одмаздат на другите исламисти – вклучувајќи ги и напаѓачите на концертната сала „Крокус“ во Москва!
– Сето ова го правиме заради Алах, заради воспоставување на шеријатот, заради браќата муслимани кои седат во Сирија… Сакаме да им се одмаздиме на браќата за сѐ што им направија после Крокус. Ова е одмазда за сите браќа муслимани – порачаа исламистите.
📽 ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ЗАТВОР ВО ВОЛГОГРАД Руските служби се на терен, има жртви
📽 НЕРВОЗНО ГО ИЗВАДИ ЧАСОВНИКОТ ОД РАКАТА Заложничката драма во Волгоград го вознемири Путин?