РУСКИТЕ СЛУЖБИ НЀ ИЗВЕСТИЈА ЗА НЕРЕДИТЕ Ана Брнабиќ вели дека Западот не ги сфатил сериозно настаните во Белград

Таа тврди и дека српските државни власти потоа ја споделиле таа информација за можни нереди во Белград со други претставници на меѓународната заедница, но дека меѓународната заедница го отфрлила ова како руска дезинформација.

1,338

Српската техничка премиерка Ана Брнабиќ им се заблагодари на руските безбедносни служби кои ги споделиле информациите кои ги имале со српската влада дека дел од опозицијата ќе ги оспори изборните резултати и насилно ќе проба да ја преземе власта, јави Н1.

– Веројатно ова нема да биде популарно на Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да застанам во одбрана на Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа тие информации и ги споделија со нас – рече Брнабиќ.






Таа тврди и дека српските државни власти потоа ја споделиле таа информација со други претставници на меѓународната заедница, но дека меѓународната заедница го отфрлила ова како руска дезинформација.

– Сите останати велеа дека тоа е дистрибуција на лажни вести – рече Брнабиќ во емисијата „Хит твит“ коментирајќи ја средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Харченко.

Поврзани содржини