Руските пранкери го насамарија и првиот човек на Европскиот парламент, еве го целиот разговор (ВИДЕО)
Во нивната најнова шега познатите руски пранкери биле во улоги на лидерката на опозицијата во Белорусија, Светлана Тихановскаја и претседателот на Литванија, Гиган Нусед.
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, е најновата жртва на руските пранкери Лексус и Вован кои пред извесно време го измамија и македонскиот премиер Зоран Заев претставувајќи му се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.
Во нивната најнова шега познатите руски пранкери биле во улоги на лидерката на опозицијата во Белорусија, Светлана Тихановскаја и претседателот на Литванија, Гиган Нусед.
Во разговорот, Сасоли изјавил дека е многу загрижен за ситуацијата во Белорусија и ја искористил можноста да ја праша Тихановскаја како се чувствува. Покрај тоа, тој ја повикал белоруската опизиционерка да дојде во Европскиот парламент и ѝ ветил дека ќе ја разгледа можноста за нејзина посета на претседателот на одборот за надворешна политика Давид Мекалистер.