РУСКИТЕ ПАРТИЗАНИ МУ ПОРАЧАА НА ПУТИН – ДОПРВА ДОАЃААТ ГОЛЕМИТЕ РАБОТИ! Командантот Никитин најавува нови напади
Ние се бориме за слобода, се бориме против неправдата, значи се бориме против тортурата, се бориме против ужасните акти на полициска бруталност - рече тој.
Вооружената руска група, која се бори против режимот на Владимир Путин и која ја презеде одговорноста за неодамнешниот напад врс рускиот пограничен регион Белгород, најавува дека ќе изврши нови напади.
– Ќе се видиме повторно на руската страна. Не можам да ги откријам големите работи што доаѓаат, не можам да го откријам ни правецот. Границата е прилично долга, но повторно ќе има места каде што работите ќе се вжештат – изјави Денис Капустин, познат како Денис Никитин, командант на Рускиот волонтерски корпус.
Тој рече дека неговите борци против Путин долго време држеле „околу 42 квадратни километри“ од руската територија.
– Ние се бориме за слобода, се бориме против неправдата, значи се бориме против тортурата, се бориме против ужасните акти на полициска бруталност – рече тој.
Русија првично ја обвини Украина за нападот на Белгород и рече дека 70 напаѓачи биле убиени или потиснати. Подоцна одговорноста за нападот ја презеде Рускиот волонтерски корпус.
Запрашан за извештаите на западните медиуми дека неговата милиција користела американска воена опрема, тој одби директно да одговори.
– Знам точно од каде доаѓа моето оружје. За жал, не од западните партнери – вели тој.
Вашингтон ги истражува извештаите дека партизаните користеле американски возила во Русија, изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.