Научниците од рускиот Институт за хемиска биологија и фундаментална медицина се подготвени за 30 дена да развијат лек за коронавирусот врз основа на крвта на пациентите кои закрепнале од инфекцијата, соопшти прес-службата на Институтот.
Експерименталниот лек за специфична терапија на ковид-19 претставува збогатена фракција од антивирусни имуноглобулини во крвта, извлечен од плазмата на пациенти кои оздравеле од коронавирусот.
За лекот ќе бидат потребни 500 мл крвна плазма, а ќе се даваат интравенозно.
Научниците, притоа, се убедени дека таквиот лек ќе биде целосно стерилен и без пироген, односно нема да содржи производи од метаболизмот на микроорганизмите.
До денеска, повеќе од 850.000 луѓе се заразени со коронавирусот ширум светот, а пријавени се повеќе од 42.000 смртни случаи.