РУСКИТЕ ДРОНОВИ И РАКЕТИ СЕАТ СМРТ НИЗ УКРАИНА 4 мртви во Киев, еден во Запорожје, двајца во Јампил
Уште 11 лица се ранети во рускиот напад во регионот на Запорожје, во кој се користеле крстосувачки ракети, а периодично се огласувала воздушна тревога.
Четири лица загинаа во руски напад со дрон врз претпријатие од прехранбената индустрија во Киевската област, соопшти локалната администрација.
Началникот на регионалната администрација, Микола Калашњук, изјави дека нападот предизвикал пожар во административна зграда во фабричкиот круг на претпријатието, при што дел од објектот бил уништен.
Во текот на ноќта една жена загина во руски воздушен напад во областа Запорожје во југоисточна Украина. Началникот на регионалната воена администрација Иван Федоров на Телеграм објави дека уште 11 лица се ранети во рускиот напад во регионот, во кој се користеле крстосувачки ракети и периодично се огласувала воздушна тревога во текот на вечерта.
Претходно во текот на вчерашниот ден, во руски напад врз градот Јампил во Сумската област, во близина на границата со Русија, загинаа две лица, соопшти началникот на Сумската регионална воена администрација, Олег Григоров на Телеграм.
Светските агенции нагласуваат дека информациите не можат независно да бидат потврдени.