РУСКИОТ ТЕЛЕПАТСКИ ИНТЕРНЕТ ОД 60-ТИТЕ ЦИА открива какви експерименти се правеле во Студената војна

Едно од најхрабрите тврдења во разговорите е дека луѓето имаат способност да покажат „екстра-сензорна перцепција“, попозната и како телепатија, директно читање мисли. Професорот Керимов сугерира дека имале докази дека некои луѓе се способни да ги „соберат мозочните бранови“ од другите, па дури и да ја користат оваа способност за предвидување на „идни случајни настани“.

375

Три документи на ЦИА, датирани меѓу 1963 и 1964 година, до кои дошла веб-страницата GovernmentAttic, покажуваат дека Русите за време на Студената војна пробале да создадат свој телепатски интернет, пишува ИФЛ Наука. Дека СССР спроведувала вакви експерименти е веќе познато, но сега е достапен и конкретен доказ.

Документот, кој личи на чудна анегдота, пишува за разговор помеѓу агент на ЦИА и професорот Д.А. кои пиеле „социјални пијалаци“. Со други зборови, тие пиеле алкохол и разговарале за најновите изуми во советската технологија за контрола на умот, веројатно прилично честа тема на разговор меѓу шпионите на времето.






Снимање и копирање на мислите

Професорот Керимов објаснува дека слушнал оти научниците во Киев (кој тогаш е дел од СССР) работат на проект кој успеал да ја „прислушува“ мозочната активност на вешт музичар додека свиреле на пијано.

Оваа мозочна активност, потоа, на некој начин, може да се сними и да се репродуцира кај подлактицата на човек што не музичар, овозможувајќи им на двајцата да свират на пијано со совршено мајсторство. Керимов, во документот, одбива да навлезе во детали за ова истражување, додека агентот на ЦИА забележува дека некои од овие приказни се „прилично сомнителни“.

Едно од најхрабрите тврдења во разговорите е дека луѓето имаат способност да покажат „екстра-сензорна перцепција“, попозната и како телепатија, директно читање мисли. Професорот Керимов сугерира дека имале докази дека некои луѓе се способни да ги „соберат мозочните бранови“ од другите, па дури и да ја користат оваа способност за предвидување на „идни случајни настани“.

Керимов во документот признава дека овие идеи не биле сфатени премногу сериозно во минатото, но дека тие полека добиваат на сила меѓу неговите колеги.

Нема цврсти докази за телепатија

Агентот на ЦИА го завршува извештајот истакнувајќи дека не дошол до многу цврсти докази од разговорот, а забележува и дека истражувањето на СССР за „екстрасензорната перцепција“ не изгледало како закана за американската национална безбедност.

„Кога го прашав кои конкретни случувања веќе се случиле како резултат на кибернетиката, тој навистина не беше подготвен да ми даде пример“, напишал агентот.

„Би рекол дека во ниту еден момент, освен прилично сомнителната приказна за прислушкување пораки преку подлактицата, не дознав за ниту еден нов советски пронајдок кој е технички понапред од американската најсовремена технологија“, додава тој.

Искуството на преминување и разговор со Марсовците

За волја на вистината, експериментирале и Американците. На американските разузнавачки служби не им била непозната технологијата за контрола на умот во текот на Студената војна, без разлика дали станува збор за озлогласените MKUltra и Project Stargate или за создавање кучиња на далечинско управување.

Во 1983 година, ЦИА напишала нејасен извештај за „Искуството на преминувње“, тврдејќи дека ако се измени состојбата на човечката свест може да ги надмине просторот и времето. Русите дури се обиделе да разговараат со Марсовци со интервјуирање на психолог при нивната виртуелна „посета“ на Марс пред 1 милион години за време на хипнотички транс.

Можеме да замислиме само како звучеле извештаите на советските шпиони од СССР во тоа време.

Поврзани содржини