РУСКИОТ ТЕЧЕН ГАС ЌЕ СЕ ЗАМЕНИ СО АМЕРИКАНСКИ ГАС Фон дер Лајен ќе преговара со Трамп

763

Европската унија може да ја разгледа можноста за замена на увозот на руски течен природен гас со увоз од САД, изјави пред новинарите претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по неформалниот самит на ЕУ во Будимпешта.

– Сè уште добиваме големи количини течен природен гас од Русија. Зошто да не го замениме со американски гас, кој за нас е поевтин и ќе ја намали цената на енергијата – рече Фон дер Лајен.






Таа посочи дека пристапот на ЕУ кон трговијата откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата ќе биде да изнајдат заеднички ангажмани и заемни интереси и да се преговара.

Поврзани содржини