РУСКИОТ „РАМБО“ СТОРИ НЕШТО НЕВЕРОЈАТНО Се преправаше дека е мртов откако му фрлија бомба, но потоа го фати дронот со голи раце (ВИДЕО)
Снимката е навистина многу интересна, иако е тешко да се утврди дали е автентична, а според „YouTube“ каналот „The Resistence“, инцидентот се случил „во шумска област на украинската линија на фронтот“.
На социјалната мрежа Телеграм беше објавено видео на кое се гледа како наводно руски војник се бори со украински дрон.
Како што може да се види на видеото, дронот забележал војник, а потоа фрлил граната кон него.
Меѓутоа, војникот успеал да го избегне проектилот, а потоа се фрлил во снегот и се преправал дека е мртов.
Леталото потоа му се приближил0, а кога доволно било блиску до него, војникот едноставно го фатил со рака и потоа го скршил на земја.