РУСКИОТ ГАС ВО СРБИЈА ПО СТАРА ЦЕНА Вучиќ е презадоволен од телефонскиот разговор со Путин

Вучиќ рече дека цената ќе биде многу поволна, и дека доколку се реализира с од разговорите со Путин, во однос на снабдувањето со гас, Србија ќе има безбедна зима и изрази благодарност до руските партнери за поддршката.

419

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор договорија да се потпише нов договор за снабдување со гас на 3 години, а формулата за пресметка на цената да остане иста, изјави претседателот Вучиќ во Белград.- – Путин и јас имавме многу добар разговор утрово. Разговаравме на повеќе теми. Билатерални односи и договорот за гас. Ги договоривме главните елементи кои се поволни за Република Србија. Она што го договоривме е да потпишеме договор на 3 години, а не на еден месец, што мислам дека исклучително ни одговара, а платформата и формулата ќе останат исти – истакна Вучиќ.

Тој рече дека цената ќе биде многу поволна, и дека доколку се реализира с од разговорите со Путин, во однос на снабдувањето со гас, Србија ќе има безбедна зима и изрази благодарност до руските партнери за поддршката.






– Во зависност од дополнителните разговори со „Газпром“, ќе можеме да ви ја кажеме точната цена. Ако пресметаме сега, тоа е 3 пати помалку, а во зима ќе биде 10 пати помалку од она што ќе го плати Европа – рече Вучиќ.

Актуелниот договор за испорака на гас истекува на 31 мај. На 27 јуни во Белград се очекува посетата на Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија.

Поврзани содржини