РУСКИОТ АМБАСАДОР САМ ДА ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА Ако има грам совест, нека се откаже од функцијата

Даваат ултиматум градот да се предаде, не сме 1945-та градот да се предаде на Русија. Војната ќе потрае, некои анализи кажуваат до мај, но како и да е, обновата, враќањето во нормала. Мило ми е што Македонија секогаш била на страната на позитивците, на оние кои биле за мир, никогаш не сме биле на страната на агресорите, истакна Горан Милевски, министерот за локална самоуправа.

1,097

„Некои анализи покажаа дека 60 отсто од жителите на Москва се против оваа политика на Путин. Мислам тој амбасадор ако има грам совест, бидејќи и тој има фамилии, има роднини, сам треба да се откаже од амбасадор и да ја напушти оваа функција“.

Ваа изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5.






– Преговорите се во тек, но оваа криза во Украина ќе потрае, не само како војна, поствоен ефект ќе има, сѐ е разрушено, ќе треба да се обнови. Даваат ултиматум градот да се предаде, не сме 1945-та градот да се предаде на Русија. Војната ќе потрае, некои анализи кажуваат до мај, но како и да е, обновата, враќањето во нормала. Мило ми е што Македонија секогаш била на страната на позитивците, на оние кои биле за мир, никогаш не сме биле на страната на агресорите – истакна Милевски.

Поврзани содржини