РУСКИ ВОЕН АВИОН СЛЕТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА, ПОМОШ ЗА МАДУРО? Движењето е забележано на Флајтрадар24

Меѓутоа, ова не е изолиран случај. „Вашингтон пост“ наведува дека ваков авион веќе пристигнал во земјата пред неколку дена, што укажува на засилена соработка меѓу Москва и Каракас. Aмериканските власти засега немаат официјален коментар за настанот.

3,468

Руски транспортен авион Ил-76, кој се наоѓа под западни санкции, пристигнал во Венецуела, јави „Вашингтон пост“. Според весникот, леталото е во сопственост на компанијата „Авиакон Зитотранс“, позната по транспорт на воена опрема, оружје и платеници во земји кои се сојузници на Русија.

Притоа, авионот слетал само неколку дена по апелот на претседателот на Венецуела Никола Мадуро до Москва за воена поддршка. Тој изразил загриженост поради, како што навел, „зголемената воена активност на САД во регионот на Карибите“.






Меѓутоа, ова не е изолиран случај. „Вашингтон пост“ наведува дека ваков авион веќе пристигнал во земјата пред неколку дена, што укажува на засилена соработка меѓу Москва и Каракас. Aмериканските власти засега немаат официјален коментар за настанот.

Дифенс њуз потврди дека станува збор за транспортен Ил-76 (RA-78765) кој летал од Русија преку Ерменија, Алжир, Мароко, Сенегал и Мавританија пред да слета во Венецуела.

Ер-Би-Си Украина и Ројтерс Европа деск се повикаа на ист извор – системот за следење на летови Флајтрадар24, кој го забележал движењето на авионот кон Каракас.

Моментално нема официјална потврда од Москва или Каракас за содржината на летот, но повеќето анализи укажуваат дека се работи за воен товар и можен сигнал на поддршка кон режимот на Мадуро, во услови на нови тензии со САД во Карибите.

Поврзани содржини