РУСКИ ТАНКЕРИ СО НАФТА ТАЛКААТ ПО МОРИЊАТА ВО ПОТРАГА ПО КУПУВАЧИ Стартот на санкциите на САД затекнаа 48 милиони барели нафта во транзит

Аналитичарите веруваат дека најлошите ефекти за руската нафта  би можеле да траат од 3 до 4 месеци додека трговските синџири се прилагодуваат.

18

Дури 48 милиони барели руска сурова нафта би можеле да останат заглавени на море откако денеска стапија на сила американските санкции за руските нафтени компании. Десетици танкери сега мора да бараат нови дестинации, додека светскиот пазар на нафта не најде начин да ги заобиколи американските санкции.

Кина и Индија, најголемите купувачи на руска нафта од 2022 година, продолжуваат да имаат силни врски со Москва. Но, двата пазари се претпазливи од ризикот од секундарни санкции што САД сè повеќе ги објавуваат.






Индиските рафинерии брзо резервираат танкери за снабдување од Блискиот Исток. Побарувачката порасна толку брзо што цените на превозот на таа рута достигнаа највисоко ниво за речиси 5 години.

Во исто време, трговците внимателно следат каде ќе завршат товарите на „Лукоил“ и „Роснефт“ што веќе се на море.

Според податоците на Kpler, околу 48 милиони барели руски сорти, првенствено Урал и ЕСПО, моментално се во транзит или на почетокот на товарењето. Ова вклучува околу 50 танкери наменети за Кина и Индија, но и бројни други без јасно наведени дестинации. Тие се расфрлани од Балтичкото Море до Јужното Кинеско Море, бидејќи посредниците се дистанцираат од трговијата поради санкциите.

Дел од нив веќе ги менуваат рутите кон местата каде што вообичаено се претовара нафтата на море во потрага по нови купувачи.

Аналитичарите веруваат дека најлошите ефекти за руската нафта  би можеле да траат од 3 до 4 месеци додека трговските синџири се прилагодуваат.

-Болно е, но само неколку месеци. Пазарите ќе најдат начини да ги заобиколат пречките и да увезат руска нафта, но ќе го избегнат ризикот од санкции – вели Адам Лениг од брокерската куќа SSY.

Прашањето е колку од руската нафта ќе го најде својот пат до рафинериите – и колку ќе остане заробена на отворено море.

Поврзани содржини