РУСКИ СВЕШТЕНИК ОДБИЛ ДА СЕ МОЛИ ЗА ПОБЕДА НА „СВЕТА РУСИЈА“ ВО УКРАИНА Му се заканува прогонство

Црковниот суд објави дека свештеникот Алексеј Умински ја прекршил заклетвата одбивајќи да прочита „Молитвата за света Русија“, архаичното име за Русија, кое патријархот Кирил го направи задолжително на богослужбите.

949

Истакнатиот свештеник ќе биде исфрлен од Руската православна црква затоа што одбил да ја прочита молитвата во која се бара од Бога за да ја доведе Русија до победа над Украина.
Во пресудата објавена во саботата, црковниот суд пресуди дека Алексеј Умински треба да биде „исклучен од Светиот ред“ поради кршење на свештеничката заклетва . Одлуката беше проследена со одобрување на патријархот Кирил, поглаварот на Руската црква, која е силен поддржувач на претседателот Владимир Путин.

Случајот покажува дека црквата го турка внатрешното несогласување додека го поддржува Путин и неговата „специјална воена операција“ во Украина, пишува Гардијан.
Црковниот суд објави дека Умински ја прекршил заклетвата одбивајќи да прочита „Молитвата за света Русија“, архаичното име за Русија, кое патријархот Кирил го направи задолжително на богослужбите.






„Оние што сакаат да се борат дигнаа оружје на света Русија, надевајчи се дека ќе го поделат и ќе го уништат нејзиниот обединет народ. Стани Боже, да му помогнеш на својот народ и дари ни победа со својата сила“ – се наведува во молитвата која Кирил прв пат ја прочитал 25 септември 2022 година, седум месеци по руската инвазија на Украина.

Десетици руски православни свештеници беа казнети за оспорување на ставовите на Црквата за војната, на пример со читање на молитви за мир наместо за победа – наведуваат „Христијаните против војната“, онлајн групата што ги документираше нивните случаи.

Свештеникот Алексеј Умински е најистакнатата жртва досега.

Тој служеше 30 години како свештеник во црквата на Светата Троица во Москва пред да биде отпуштен овој месец, веднаш пред православниот Божик. Умински е познат по својата работа за тешко болни деца и возрасни и служеше на погребот на поранешниот советски претседател Михаил Горбачов во 2022 година.

Во интервјуто минатиот ноември, Умински рече дека јазикот на војната и специјалните воени операции во никој случај не се компатибилни со црковната литургија.

Поврзани содржини