РУСКИ СУХОЈ МУ ВЛЕТА „ЛИЗГАЧКИ“ НА АМЕРИКАНСКИОТ Ф-16 Неверојатна снимка од пресретнувањето на кај Алјаска!
На видеото од пилотската кабина на американскиот авион може да се види следењето на рускиот стратешки бомбардер, а потоа и „упадот“ на Сухој 35 во кадарот, на што американскиот пилот изненадено извикал: „По ѓаволите“.
Екстремно блиска средба на руски борбен авион и Ф-16 на американското воено воздухопловство се случила недалеку од брегот на Алјаска. Снимката ја објави Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД).
Ова е само уште еден во серијата руски упади во зоната за воздушна одбрана на Алјаска, пишува АП.
На видеото од пилотската кабина на американскиот авион може да се види следењето на рускиот стратешки бомбардер, а потоа и „упадот“ на Сухој 35 во кадарот, на што американскиот пилот изненадено извикал: „По ѓаволите“.
“On Sept 23, 2024, NORAD aircraft flew a safe and disciplined intercept of Russian Military Aircraft in the Alaska ADIZ. The conduct of one Russian Su-35 was unsafe, unprofessional, and endangered all – not what you’d see in a professional air force.” – Gen. Gregory Guillot pic.twitter.com/gXZj3Ndkag
— North American Aerospace Defense Command (@NORADCommand) September 30, 2024
Командантот на НОРАД и Северната команда на САД, генерал Грегори Гиљо го осуди пресретнувањето на американскиот борбен авион.
– Однесувањето на рускиот Су-35 не беше безбедно, беше непрофесионално и загрозуваше сѐ – рече Гиљо.
Ден Саливан, републикански член на Комитетот за вооружени сили на Сенатот на САД, изјави дека оваа акција на рускиот авион е уште една причина за зајакнување на американското воено присуство на Алјаска и на Северниот пол.
Потсетуваме дека пред неколку недели осум руски воени авиони, како и четири бродови на Пацифичката морнарица кружеа во близина на Алјаска за време на заедничките вежби меѓу Кина и Русија.
Во јули, руските и кинеските бомбардери полетаа заедно за прв пат во меѓународниот воздушен простор кај Алјаска, знак на соработка што американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека е загрижувачки.