РУСКИ РАКЕТИ ПАДНАА ВО ПОЛСКА, ИМА МРТВИ? Висок претставник на НАТО вели дека две лица починале (ФОТО)

Додека полските медиуми ги потврдија двете жртви кои загинале од руски ракети, Украина рече дека денешното руско ракетирање било најсилно во последните 9 месеци откако трае војната. Зеленски рече дека Русија истрелала 85 проектили. Истовремено, поради ракетирањето Молдавија објави дека се соочува со големи прекини на струја.

1,126

Две залутани руски ракети влегле во Полска при што загинале две лица, информира висок претставник на НАТО, пишува Асошиејтед Прес(АП). Веста ја пренесоа повеќе медиуми. Преставникот вели дека ракетите се од денешниот руски напад врз Киев. Дека две лица погинале потврдија полските медиуми, наведувајќи дека се работи за селото Пжеводов на граница со Украина, каде што се суши жито.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер веднаш не ја потврди информацијата од висок американски разузнавач, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителната природа на ситуацијата. Но, Мулер рече дека највисоките лидери одржуваат итен состанок поради „кризна ситуација“.

 






Зеленски рече дека Русија во денешниот напад истрелала најмалку 85 проектили, „повеќето од нив кон нашата енергетска инфраструктура“ и ја исклучи струјата во многу градови.

– Работиме, сè ќе вратиме. Ќе преживееме сè – вети претседателот.

Неговиот министер за енергија рече дека нападот е „најмасовното“ бомбардирање на електроенергетските постројки во речиси 9-месечната руска инвазија, што ги погоди и системите за производство и пренос.

Во руското ракетирање погодена беше и соседна Молдавија, пишува АП. Земјата извести за големи прекини на електрична енергија откако штрајковите го урнаа клучниот далновод што ја снабдува малата нација, рече официјален претставник.

Воздушниот напад, кој резултираше со најмалку еден смртен случај во станбена зграда во главниот град Киев, следеше по деновите на еуфорија во Украина предизвикани од еден од нејзините најголеми воени успеси – повторното преземање на јужниот град Херсон.

Се смета дека во моментов 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина е разрушена.

Поврзани содржини