📽 РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД КАЈ ХАРКОВ Погодена пошта, шест лица го загубија животот, а повеќе се повредени

Руска ракета го погоди терминалот Нова Пошта. Тоа е обичен цивилен објект. За жал, има жртви - објави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

253

Во вчерашниот руски ракетен напад врз пошта во близина на Харков, најмалку шест лица загинаа, а 14 се ранети, соопштија локалните власти.

– Шестмината убиени и 14 ранети во нападот на окупаторите беа вработени во компанијата на терминалот Нова Пошта – изјави гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов.






Веста на Телеграм ја објави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Регион Харков. Руска ракета го погоди терминалот Нова Пошта. Тоа е обичен цивилен објект. За жал, има жртви. Мое сочувство до роднините и пријателите“, напиша Зеленски.

Поврзани содржини