РУСКИ НАПАД ЈА ОШТЕТИ АМБАСАДАТА НА ВАТИКАН ВО КИЕВ Дронови кружеле околу објектот, нунцијот слушал експлозии во текот на ноќта

Во текот на уште еден напад врз Киев, Апостолската нунцијатура претрпела оштетувања на главната зграда и на придружните простории, соопшти Ватикан.

230

Амбасадата на Ватикан во Киев соопшти дека зградата на мисијата е оштетена за време на вчерашните руски напади врз украинскиот главен град, но дека никој не е повреден.

„За време на уште еден напад врз градот Киев, оваа Апостолска нунцијатура претрпе одредена штета на главната зграда, како и на сервисните простории“, се наведува во соопштението.






Амбасадорот на Ватикан во Украина, надбискупот Висвалдас Кулбокас, изјави за Ватикан њуз дека видел дронови како кружат околу амбасадата и слушнал неколку експлозии во текот на ноќта.

Поврзани содржини