Руски монах приведен откако презел контрола над женски манастир
„Полицијата и властите спроведуваат истрага во манастирот Среднеуралск. Отец Сергеј е приведен на сослушување”, изјавил полицискиот извор.
Поранешниот руски монах отец Сергеј, кој го негираше постоењето на ковид-19 и ја презеде контролата врз женскиот манастир на Урал, приведен е денеска, пренесе ТАСС.
„Полицијата и властите спроведуваат истрага во манастирот Среднеуралск. Отец Сергеј е приведен на сослушување”, изјавил полицискиот извор.
Апсењето следувало откако монахот објавил видео во кое ги охрабрува верниците „да умрат за Русија“.
Досега тој беше двапати казнет за поттикнување омраза и непријателство и за ширење лажни општествено важни информации во своите проповеди. Тој ги повика луѓето да одат во црква и покрај строгите мерки за ограничено движење и ја опиша ситуацијата со коровавирусот како „лажна пандемија“.