РУСКИ МИНИСТЕР ИЗВРШИ САМОУБИСТВО? Неколку часа претходно Путин го разреши
Роман Старовоит, кој до пред неколку часа ја извршувал функцијата министер за транспорт на Русија, е пронајден мртов, јавуваат руските медиуми.
Според новинаската агенција РИА Новости, Старовоит бил пронајден мртов денеска, а во близина било пронајдено и огнено оружје.
Пред само неколку часа Владимир Путин го смени од функцијата, а Кремљ не даде официјално соопштение за причината на смената.
Отказот следува откако настана хаос во рускиот авиосообраќај, поради нападите од Украина, кога илјадници патници останале заглавени на аеродромите, при што авиокомпаниите откажале 485 летови, 88 биле пренасочени, а 1900 доцнеле.
Старовоит во минатото беше гувернер на руската област Курск, а на функцијата министер за транспорт стапи во 2024 година.
По разрешувањето на Старовоит, Путин го назначи Андреј Никитин за вршител на должноста министер за транспорт, објави Ројтерс.
Бриселскиот „Политико“ тврди дека Путин го разрешил Старовоит откако Украина го загрози рускиот воздушен сообраќај.