РУСКИ МАЈКИ И СОПРУГИ СО ПОРАКА ДО ПУТИН Престани да ги праќаш нашите синови и мажи во кланица (ВИДЕО)
Испраќањето на стотици илјади граѓани од Русија да се борат на боиштата во Украина, предизвика несогласување и протести и поттикна многу Руси, особено млади мажи, да ја напуштат земјата.
Група сопруги и мајки на руски војници го повикаа претседателот Владимир Путин да престане да ги праќа нивните сопрузи и синови „на колеж“, принудувајќи ги да се придружат на фронтот без соодветна обука или залихи.
Видеото е објавено на независниот руски телеграм канал СОТА.
Жените во видеото велат дека нивните најблиски биле „принудени да им се придружат на насилничките групи“ на почетокот на март и покрај тоа што имале само четири дена обука откако биле мобилизирани. Две жени заедно држат знак на руски, пишува Cи-Ен-Ен.
„Нашите мобилизирани (мажи) се праќаат како јагниња на колење за да ги нападнат утврдените области – пет по пет, против 100 непријателски луѓе вооружени до заби. Тие се подготвени да ѝ служат на татковината, но според специјализацијата за која се обучени, не како јуришници.“
Си-Ен-Ен не можеле самостојно да ги потврдат тврдењата на групата жени на видеото. Испраќањето на стотици илјади граѓани од Русија да се борат на боиштата во Украина, предизвика несогласување и протести и поттикна многу Руси, особено млади мажи, да ја напуштат земјата.
– Побегнавме од Русија затоа што сакаме да живееме. Се плашиме дека може да не испратат во Украина – изјави претходно за Си-Ен-Ен еден маж, кој побара анонимност за да ги заштити најблиските кои останале дома.
Семејствата на руските регрути ја критикуваа мобилизацијата, велејќи дека таа е зафатена од проблеми како што се недостаток на раководство од офицери од среден ранг, непостоечка обука, проблеми со дисциплината, како и логистички тешкотии како што се недоволна униформа, лоша храна и недостаток на медицински материјали.