РУСКИ КОМАНДАНТ СЕ ЗАКАНИ СО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ „Немаме друг начин да го победиме НАТО, ако влеземе во директна војна“ (ВИДЕО)

Русија би можела да распореди нуклеарно оружје доколку НАТО премине „одредени граници“ и се вклучи „директно“ во воениот конфликт, рече Ходаковски.

702

Русија би можела да се сврти кон нуклеарното оружје доколку влезе во директна војна со НАТО, бидејќи нема доволно ресурси да ја победи Алијансата на друг начин. Ова за руската државна телевизија го објасни Александар Ходаковски, командант на руската милиција во Доњецк, пренесува Њузвик.

– Немаме способност – ние сме земја која сега се бори со целиот западен свет и немаме ресурси да го победиме блокот на НАТО со конвенционални средства – рече тој.






– Но, имаме нуклеарно оружје за тоа. Ние го направивме специјално за такви ситуации. Затоа постои само една опција – додава командантот.

 

Ходаковски рече дека руските воени власти сфаќаат дека нивните ресурси „имаат свои граници“, сугерирајќи дека можеби ќе треба да се свртат кон нуклеарното оружје за да ја поразат Украина.

– Сите сфаќаат дека следната спирала на ескалација може да биде само нуклеарна фаза на војната – рече Ходаковски.

Русија би можела да распореди нуклеарно оружје доколку НАТО премине „одредени граници“ и се вклучи „директно“ во воениот конфликт, рече Ходаковски.

И покрај забелешките на Ходаковски, НАТО не посочи какви било планови да започне директно вклучување во војната во Украина.

Од руска страна пак, Москва дава мешани сигнали за употребата на нуклеарното оружје. Руските власти официјално ја отфрлија идејата за распоредување на ова оружје, но државната телевизија, тесно усогласена со Кремљ, го исмева Западот со можноста за нуклеарен напад.

– Оние кои се обидуваат да нè уценат со нуклеарно оружје треба да знаат дека и ветровите можат да се свртат во нивна насока – изјави Путин претходно годинава.

Меѓутоа, во октомври Путин ја минимизираше можноста за користење нуклеарно оружје, велејќи дека „нема смисла во тоа, ниту политичка ниту воена“, според Асошиејтед прес.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин минатата недела предупреди дека Путин го зголемува и го модернизира својот нуклеарен арсенал.

Досега, Западот го ограничи своето учество во војната на обезбедување хуманитарна и воена поддршка на Украина, бидејќи испраќањето војници најверојатно ќе доведе до ескалација на војната.

Поврзани содржини