РУСКИ ФЕДЕРАЛЦИ ИСПИТУВААТ ДАЛИ Е УПОТРЕБЕН ЗВУЧЕН ТОП ВО БЕЛГРАД Вучиќ најави разоткривање на „некои лаги“
Луѓе од Федералната служба за безбедност на Руската Федерација ќе ги видат сите уреди што ги имаме, а осле тоа ќе излезат со својот став за звучниот топ, вели српскиот претсеател Александар Вучиќ.
Во Србија пристигнаа експерти од Федералната служба на Русија во врска со наводната употреба на звучен топ на протестот на 15 март, изјави денеска српскиот претсеател Александар Вучиќ.
– Синоќа дојдоа луѓе од Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Тие почнаа да работат од утрово. Ќе ги видат сите уреди што ги имаме. Ќе останат овде неколку дена, мислам 7 или 8 дена. После тоа ќе излезат со својот став за звучниот топ – рече Вучиќ.
Посетата, според него, ќе придонесе „да се разоткријат уште некои лаги“ и ќе се покаже „што користи опозицијата и како тие ги мамат граѓаните“.
Премиерот во технички мандат, Милош Вучевиќ неодамна изјави дека Србија ги повикала американските и руските служби да спроведат свои истраги и да утврдат дали бил употребен звучен топ за време на протестите во Белград на 15 март.