📽️ РУСКИ ДРЖАВЈАНИН ПУКАЛ ВО ГЕНЕРАЛОТ НА ПУТИН Атентаторот е приведен во Дубаи
Со помош на партнер од Обединетите Арапски Емирати, рускиот државјанин Љубомир Корба, роден во 1960 година, кој беше непосреден сторител на злосторството, беше приведен во Дубаи и предаден на руската страна, се вели во соопштението на Федералната служба за безбедност.
Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер на военото разузнавање, генерал-потполковник Владимир Алексеев, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Руските безбедносни служби претходно пренесоа дека атентаторот приведен во Дубаи е руски државјанин.
„Со помош на партнер од Обединетите Арапски Емирати, рускиот државјанин Љубомир Корба, роден во 1960 година, кој беше непосреден сторител на злосторството, беше приведен во Дубаи и предаден на руската страна“, се вели во соопштението, пренесува РИА Новости.
Во соопштението на ФСБ се наведува и дека Виктор Васин, соучесник во обидот за атентат врз генерал Алексеев, е приведен во Москва.
First footage of extradition to Russia of would-be assassin of General Alexeyev
Captured in Dubai with UAE help, the Russian citizen now faces justice
Accomplices include a detained man and a woman who escaped to Ukraine pic.twitter.com/bLRFWFTkRS
— RT (@RT_com) February 8, 2026
„ФСБ, заедно со Министерството за внатрешни работи на Русија, по истражните мерки во врска со обидот за убиство на првиот заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, генерал-потполковник Владимир Алексеев, го идентификуваа и уапсија соучесникот во ова злосторство, рускиот државјанин Виктор Васин, роден во 1959 година, приведен во градот Москва“, се вели во соопштението.
На 6 февруари, непознат напаѓач го застрела генерал-потполковник Алексеев во станбена зграда во Москва.
По обидот за атентат, генералот Алексеев беше хоспитализиран во тешка состојба, а потоа беше покрената истрага и кривична постапка за обид за убиство и нелегална трговија со огнено оружје.