РУСКИ ДРОНОВИ УДРИЈА ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ Жртви во Одеса и во Харков, меѓу нив и дете

Во одвоени ноќни напади со руски дронови има загинати и повредени, а уништени се и станбени објекти во Одеса и Харковската област.

97

Едно лице загина, а две се повредени во текот на ноќта во напад на руски беспилотен леталo врз Одеса, соопшти шефот на регионалната администрација, Олег Кипер.

Тој преку Телеграм информираше дека во рамки на масовните руски напади врз регионот на Одеса се оштетени повеќе станбени згради. Во една од нив, како и на неколку автомобили паркирани во близина, избувнал пожар, кој, како што наведува Кипер, бил брзо локализиран и изгаснат.






Во одделен напад, жена и дете загинаа во текот на ноќта во Харковската област, во североисточниот дел на Украина, соопшти украинската Државна служба за вонредни ситуации.

Според објавата на Фејсбук, мета на нападот била населбата Богодухов, каде што руски дрон погодил станбена зграда која е целосно уништена. По ударот избувнал пожар, кој подоцна бил изгаснат од противпожарните екипи.

Поврзани содржини