📽️ РУСКИ ДРОНОВИ УДРИЈА ПО КИЕВ, ОДМАЗДА ЗА УКРАИНСКИОТ НАПАД? Најмалку едно лице загина во масовните ноќни ракетирања
Најмалку една од детските градинки била зафатена од пожар, но таму немало повредени, истакна градоначалникот на Киев. На социјалните мрежи се појави снимка од чадот од проектил кој паднал пред метрото во градот. Сирените рано изутрина се огласиле во повеќе градови низ Украина.
Голема експлозија разбуди стотици жители на Киев среде ноќ кога неколку беспилотни летала и ракети погодија повеќе делови од градот, јави Ројтерс.
Големиот руски напад доаѓа откако во неделата, 20 јули, Украина изврши со најмалку 93 дронови ги нападна регионите Брјанск, Курск и областа на главниот град Москва. Ден претходно, на 19 јули, украинскиот претседател предложи мировни преговори со руската страна во Истанбул.
Пожари избувнаа во детска градинка во главниот украинскки град рано наутро во понеделникот, гореа неколку станбени згради и киосци, а густ чад ги исполни метро-станиците, каде што граѓаните се засолнија за време на нападот.
Локалните власти соопштија дека најмалку едно лице загинало, а двајца се повредени.
Filthy Russian savages bombed Kyiv all night, raining missiles and drones onto apartment buildings, shopping areas, even targeting a metro station where hundreds of people were sheltering.
The world continues to allow it. Hopefully one day Ukraine can return the favor. pic.twitter.com/vHZzaJ1JYp
— Jay in Kyiv (@JayinKyiv) July 21, 2025
– Имаме информации за едно лице кое починало – потврди шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко велејќи дека влезот во метро станицата е оштетен, но нема информации за повредени.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во пожар во станбена зграда уште едно лице е повредено.
Нападот почнал кога воздушната одбрана била активирана во 23:40 часот, а експлозиите траеле со часови низ Киев. Најмалку една од детските градинки била зафатена од пожар, но таму немало повредени, истакна Кличко.
A russian strike hit the entrance of a metro station in Kyiv packed with people sheltering from the ongoing attack. pic.twitter.com/1WZCW2gTWt
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) July 21, 2025
Во западниот град Ивано-Франковск, градоначалникот Руслан Марцинкив рече дека воздушната одбрана реагирала во 3:13 часот наутро, а оштетени биле три села и дел од инфраструктурата.
– Ова е најголемиот напад од почетокот на инвазијата – рече Марцинкив.
Големиот руски напад доаѓа откако во неделата, 20 јули, Украина изврши со најмалку 93 дронови ги нападна регионите Брјанск, Курск и областа на главниот град Москва. Летовите на четирите аеродроми во рускиот главен град беа привремено прекинати поради нападот.
Украинскиот претседател во саботата, 19 јули, изјави дека Украина работи размената на затвореници договорена меѓу двете земји на претходната рунда преговори.
Според шефицата на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Москва е подготвена да испрати делегација во Истанбул на нова, трета рунда преговори за можен крај на војната.
Рускиот напад рано изутрина ги кренал алармите и во Полска. Полската војска ноќеска ги кренала борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска.