🎥РУСКИ ДРOН СО ОГРОМНА БРЗИНА СЕ ЗАБИ ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО СУМИ Во нападот се повредени 11 луѓе и се оштетени повеќе објекти

На видеото е прикажан летот на дрон над населбата, кој потоа директното удира во зграда, по што следува експлозија.

191

Вознемирувачко видео од нападот врз северноукраинскиот град Суми се шири на социјалните мрежи, а го прикажува моментот кога руски дрон се забива во станбена зграда со голема брзина.

На видеото е прикажан летот на дрон над населбата, кој потоа директното удира во зграда, по што следува експлозија.






Нападот се случил вчера за време на бран напади со дронови во Сумиската област. Според украински извори, целите биле станбени згради, цивилна инфраструктура и возила.

Во самиот град Суми, оштетени се повеќе станбени згради и други објекти. Стотици прозорци се скршени, а уништени се и фасади и покриви. Повредени се 11 луѓе.

Тешки напади се пријавени и во местото Билопилска, каде што се повредени 4 лица. Меѓу повредените е 46-годишен маж, кој бил ранет откако дрон удри во станбена зграда.

Поврзани содржини