Руски бизнисмен тврди дека е сопственик на палатата за која Навални тврдеше дека е на Путин
Ротенберг е поранешен џудо спаринг партнер на Путин. Тој во 2019 година го продаде својот удел во компанијата „Стројгазмонтаж" за сума од 990 милиони долари.
Рускиот бизнисмен Аркадиј Ротенберг тврди дека тој е сопственик на палатата, која опозиционерот Алексеј Навални ја поврза со претседателот на Русија Владимир Путин.
Навални и неговата антикорупциска фондација неодамна објавија видео на кое е прикажана раскошната палата во Геленџик на брегот на Црното Море и тврдеа дека таа му припаѓа на рускиот претседател. Снимката има на 10 милиони прегледи.
Ротенберг е поранешен џудо спаринг партнер на Путин. Тој во 2019 година го продаде својот удел во компанијата „Стројгазмонтаж” за сума од 990 милиони долари. Сега тврди дека со тие пари ја купил палатата пред две години.
– Сега тоа веќе нема да биде тајна, јас сум сопственик – изјави Ротенберг во видео на „Телеграм”.
Портпаролот на рускиот претседател, минатата недела ги демантираше тврдењата на опозиционерот Навални поврзани со палатата,