Руски биолог предупредува: И други опасни вируси чекаат во заседа
Тој објаснува дека денес стануваат актуелни вирусите кои ги пренесуваат инсектите во тропските предели, но поради глобалното затоплување тие се преместуваат во северните краеви.
Рускиот биолог Кирил Шаршов тврди дека постои хипотеза за тоа дека со глобалното затоплување и со топењето на мразот на Арктикот, се одмрзнуваат и многу други вируси кои се опасни за човештвото. Меѓутоа, како што додава тој, сега е актуелно да се говори само за коронавирусот, иако, посочува Шаршов, голема е веројатноста коронавирусот и порано да бил активен, но системите за тестирање да не го забележувале.
Голема е веројатноста коронавирусот и порано да бил активен, но системите за тестирање да не го забележувале.
– Постојат вируси кои ги напаѓаат животните, но не се опасни за луѓето. На пример, таков е вирусот кој предизвикува бронхитис кај птиците. Но, постојат и други респираторни вируси кои ги инфицираат животните и кои се пренесуваат и на луѓето. Опасни се беснило и енцефалитис. Меѓутоа, за да се инфицира човек треба да биде гризнат од животно, а и да се случи такво нешто, постои вакцина против тие болести – вели рускиот биолог.
Тој објаснува дека денес стануваат актуелни вирусите кои ги пренесуваат инсектите во тропските предели, но поради глобалното затоплување тие се преместуваат во северните краеви.
– На пример, западнонилската треска, како и различните видови маларија, во нашите краеви ги пренесуваат комарците – вели Шаршов.
Како што говорат официјалните статистики, од коронавирусот досега се заразија повеќе од 1.780.000 луѓе во светот, починаа над 108.000, а оздравеа повеќе од 400.000 луѓе.