Руски авиони полетале за да пресретнат американски бомбардери

Во соопштението од центарот се вели дека руските сили следеле два бомбардери Б-52 на американските воздушни сили, кои летале на значително растојание од границата на Руската Федерација.

430

Борбени авиони на Источниот воен округ на руските вооружени сили „Су-30“, „Су-35“ и „Миг-31“ денеска полетаа за да пресретнат американски бомбардери „Б-52Х“ кои летале на Охотското Море, објави Националниот центар за контрола на одбраната на руското Министерство за одбрана.

Во соопштението од центарот се вели дека руските сили следеле два бомбардери „Б-52“ на американските воздушни сили, кои летале на значително растојание од границата на Руската Федерација.






Националниот центар за контрола на одбраната истакнува дека американските бомбардери не ги нарушиле границите на Руската Федерација.

Се наведува и дека летовите на руските авиони биле извршени во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутрални води, „без да се нарушат границите на други земји“.

Министерството за одбрана на Русија на 17 јуни објави дека руските радари следеле лет на американски бомбардери „Б-52 Х“ над североисточниот дел на Тихиот Океан.

Американските бомбардери не се доближиле до руската граница и летале на оддалеченост од околу 300 километри од руската граница, додаде Министерството.

Поврзани содржини