РУСКАТА ВОЈСКА КУПУВА ДЕЛОВИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС? Војниците крадат, пушките се стари, условите се дивјачки

Најинтересниот дел? Сите овие микроконтролети, кондензатори и конектори купени од АлиЕкспрес се користат во апарати за домаќинството, на пример, фрижидери или тостери. Во случајот со роботското-куче, тоа е од кинеско произвоство и чини 2.700 долари, а само е преслечено во црна пижама и одозгора му е закачена базука.

902

Роботското куче М-81 кое на грбот носи базука, а со кое Русија се пофали на саемот „Армија 22“ е купено од АлиЕкспрес, а облечени му се црни пижами за да не се види дека е од кинески производител, откри Форбс. Ова е само еден од повеќето скандали кои ја тресат руската војска. Војниците не се доволно спремени за војна, манипулирани се, а постои и криминал од другата страна. Кога ќе стигнат на туѓа територија тие крадат, вели за Гардијан Павел Филатјев, руски војник кој пребегнал.






Дали Русија штеди на пари кога станува збор за армијата? Во случајот со роботското куче, тоа чинело 2.700 долари од парче и не може да се спореди со, на пример, кучето на „Бостон Дајнамикс“ кое има вештачка интелигенција, сензори и прави салто назад за 74 илјади долари. Од руската компанија „Машин Интелект“ објавија видео со наслов „Лов со куче-робот“, но таму јасно се гледа дека единствен руски дел е ракетниот фрлач РПГ-26 кој успеале да го прикачат одозгора.

Па, АлиЕкспрес сѐ уште нема ограничувања за тоа за какви цели би можеле да бидат користени производите. Можеби од таа причина руските ракети „9M544 Smerch“ користат чипови што се продаваат на овој вебсајт. Се работи за ракета од 300 мм што се користи од повеќе ракетни системи за лансирање „Tornado-S“. Овој проектил е дизајниран да погодува оклопни возила.

Искористената ракета „9M544 Smerch“ од 300 mm беше испитана од Центарот за напредни одбранбени студии во Вашингтон, САД. Тимот во овој центар работи на откриени увезени компоненти кои се користат во руското оружје. Обично се бараат знаци за кршење на санкциите против Русија.

Евтини чипови од фрижидери

Најинтересниот дел? Сите овие микроконтролети, кондензатори и конектори се користат во апарати за домаќинството, на пример, фрижидери или тостери. Неодамна, беше откриена и уште едно изненадување. Во руските крстаречки ракети 9M727 беа пронајдени американски чипови и покрај тоа што нивниот увоз е забранет поради санкциите. Се работи за производителите Texas Instruments Inc, Altera, Advanced Micro Devices IncW (AMD), Maxim Integrated Products Inc и Cypress Semiconductor.

– Тоа е прилично едноставно. Без тие американски чипови, руските ракети и повеќето руски оружја не би функционирале – изјави за Ројтерс висок украински функционер, кој побарал да остане анонимен од безбедносни причини.

американските чипови пронајдени во руска крстаречка ракета, твитер/принтскрин

За’рѓани пушки и стари возила

Мемоарите на Павел Филатјев, руски војник кој избега и се откажа од војната откриваат уште повеќе, овојпат внатрешни работи во армијата. Пушката што ја добил Павел пред војната била за’рѓана и имала скршено ременче. Опремата и возилата кои ги користеле војниците биле застарени.

Тој се жали како, како што одминувала војната, некои војници побарале да бидат стрелани за да бидат искористени и вратени дома, со отштета од 48.000 евра, кои државата им ги дава на ранетите руски војници.

„Повеќето луѓе во армијата се незадоволни од она што се случува таму, тие се незадоволни од владата и нивните команданти, тие се незадоволни од Путин и неговата политика, тие се незадоволни од министерот за одбрана, кој никогаш не служел во армијата“, пишува Филатјев во мемоарите.

Скокнавме со падобрани без да знаеме зошто

Војникот кој сега веќе не е војник, служел во 56-та гардиска воздушно-десантна бригада со седиште на Крим, опиша како неговата исцрпена и слабо опремена единица полетала на украинска територија насред тежок ракетен оган кон крајот на февруари, со малку конкретниа логистика или цели и без идеја зошто имало војна воопшто.

– Ми требаа недели да разберам дека воопшто нема војна на руска територија и дека штотуку ја нападнавме Украина – вели тој.

 

Крадевме компјутери, овес, каша, сѐ што е вредно

Тој исто така опиша дека падобранците, инаку елитата на руската армија, го окупирале пристаништето во Херсон и веднаш почнале да крадат „компјутери и сета вредна стока што можевме да ја најдеме“.

– Таму како дивјаци јадевме сè – овес, каша, џем, мед, кафе… Не ни беше гајле за ништо, бевме турнати до границите на нашите можности. Повеќето од нив поминаа еден месец на нива без каква било удобност, туширање или нормална храна – истакнува Филатјев.

Платите се мали, условите се дивјачки

– Во каква дива состојба можете да ги ставите луѓето без да мислите дека треба да спијат, да јадат и да се мијат. Сè околу нас предизвика непријатно чувство – како сиромашни луѓе само се обидувавме да преживееме – раскажува војникот.

– Знам дека ќе звучи дивјачки за странски читател, но (војникот) знае дека вреди повеќе од една негова плата. И кој знае дали воопшто ќе биде жив утре. Затоа ја зема. Не се обидувам да го оправдам, но мислам дека е важно да кажам зошто луѓето така се однесуваат, за да се разбере како да се запре… Што треба да прави човек во вакви екстремни ситуации? – прашува тој.

– Јас сум само преплашен од тоа што ќе се случи следно. Колку ќе платиме за тоа? Кој ќе остане во нашата земја? – се дума некогашниот војник.

 

Поврзани содржини