РУСКАТА ВОЈСКА ГО ОСВОИ КУПЈАНСК Безусловно да се постигнат целите на специјалната воена операција, им рече Путин на генералите
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети командната станица на руските сили, за да го слушне извештајот на високите воени лица за ситуацијата околу Купјанск, украинско упориште на североисток, еден од градовите каде што руските сили напредуваа во последните недели.
Руската војска вечерва објави дека го освоила градот Купјанск, украинско упориште на североисток, еден од градовите каде што руските сили напредуваа во последните недели.
– Руските сили го завршија ослободувањето на градот Купјанск – му рече командантот на Западната група руски трупи, Сергеј Кузовљев, на претседателот Владимир Путин.
Купјанск, кој имаше население од 55.000 жители пред војната, беше во руски раце неколку месеци во 2022 година, но беше ослободен од украинските сили во септември истата година.
Според Путин, борбите се водат и во Костјантинивка, главното упориште на украинските сили во регионот Донецк.
– Главната задача на руските сили е безусловно да ги постигнат целите на Специјалната воена операција – рече Путин на брифингот со генералите.
Рускиот претседател денеска ја посети командната станица на руските сили, за да го слушне извештајот на високите воени лица за ситуацијата околу Купјанск.
На состанокот присуствуваа началникот на Генералштабот, началникот на Главната оперативна дирекција, командантот на Јужната група сили и командантот на Западната воена група, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Претседателот Путин ги слушна деталните извештаи за ситуацијата во Константиновка и во насока Краматорск. Командантот на Западната воена група зборуваше за ситуацијата околу Купјанск. Врховниот командант истакна дека сите задачи поставени на претходната таква средба на 25 октомври се исполнети. Претседателот високо ја ценеше работата на командата и штабот и изрази благодарност – рече Песков.